Локвенец: Со владиното лото шоу се доделија вработувања на партиски кадри

Од:

Креаторите на најголемите беда и сиромаштија на граѓаните досега, Груевски и Ставрески, на најлицемерен начин ја искористија социјалата за да згрижат партиски послушници, тврди Хари Локвенец, член на ИО на СДСМ.

СДСМ бара директно објаснување од Груевски, Ставрески и Ивановски за скандалот со вработувањата во Македонски шуми преку владиното ЛОТО ШОУ.

– Како се случи компјутерот да извлече вработувања за најголем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Нивни сопружници, роднини или пријатели? Највисоко бодувани како лица без приходи, кои на овој начин добиваат државна работа, а се членови на семејства со плати, ниви, станови и автомобили? Или како меѓу вработените во категоријата самохрани родители, се најдоа бројни примери на лица без деца? Или лица кои не постојат? Затоа ли е недостапен списокот на бодувани и соодветно на тоа вработени во Јавното претпријатие Македонски шуми? – праша на денешната прес-конференција Локвенец.

Тој праша дали од општина Кичево, според податоците, од 88-мина примени, 59-мина се од коалицијата на власт, а од нив 25 -мина се приврзаници на Груевски?

– Според податоците до кои може да се дојде од теренот, меѓу нив, во групата долгорочно невработени, е вработен, од ВМРО-ДПМНЕ, чиј татко има германска пензија, а сопругата му работи во основно училиште. Вработена е и сопруга на екс функционер од ВМРО-ДПМНЕ, сега вработен во РЕК Осломеј.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација