Депонијата за градежен отпад во Гевгелија, која се наоѓа покрај реката Вардар во близина на местото „Милци“, ќе биде поделена на осум делови, колку што има и градежни фирми во градот, а ќе има и еден посебен дел во кој градежен отпад ќе депонираат граѓаните.
Ваков договор постигнаа надлежните општински служби и градежните фирми кои се задолжени за расчистување на отпадот во своите делови кои се означени со табли заради обезбедување ред и прегледност во депонирањето на шутот.
Градежните фирми од Гевгелија се обврзаа да го почитуваат постигнатиот договор кој ќе обезбеди нормално функционирање на депонијатаа, а ќе се настојува преку инспекциските служби и граѓаните да се придржуваат на утврдените правила. Против прекршителите ќе се преземаат казнени мерки.