ФОТО: Почна акцијата за есенско садење цвеќе

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“  Душко Авировиќ, денеска со садењето 1.000 хризантеми во кружниот тек на булеварот  Митрополит Теодосиј Гологанов, симболично ја  почна акцијата за садење есенски цвеќина на повеќе локации низ градот Скопје.

Esensko sadenje 1 (2)

-Станува збор за активност на Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“  со која  се поддржува проектот  „Цветно Скопје“ и во текот на есенва ќе се задат вкупно 250 000 парчиња есенско-зимски расад, од кои  200 000 парчиња се виола (темјанушки) и 50 000 хризантеми.  Цвеќињата ќе се засадат во сите 10 скопски општини, односно по жардиниерите на сите булавари, во зелените површини на кружните текови, во Паркот Македонија, Градскиот парк, Паркот Жена-борец, паркот во општина Чаир и зелените површини пред општина Чаир, пред општината Бутел и сите други зелени површини.

Esensko sadenje 1 (3)

– Ланската година беа засадени околу 500 000 цвеќиња, а  во текот на месец мај беа засадени и 25 000 рози, а следната пролет планирано е да се засадат уште 10 000 рози. За реализација на овој проект Градот Скопје од Буџетот издвои 1,8 милиони денари, но нема да застанеме и во иднина ќе продожиме да работиме на разубавување на изгледот на градот – истакна градоначалникот Трајановски.

Esensko sadenje 1 (4)

Есенскиот расад од 250 000 цвеќиња ќе се засади на површина од 10 000 квадратни метри, распоредени во сите 10 скопски општини.

Esensko sadenje 1 (10)

На терен  ќе работат  екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, a  за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 1,8 милиони денари.

Esensko sadenje 1 (5)

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош