(ВИДЕО) Лазаров: Ниту една партиска говорница не може да амнестира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ не смее да се става над законите, бидејќи тие важат за сите подеднакво и оти е неоправдан обидот на СДСМ да го амнестира Мирослав Шиповиќ.

„Обидот на СДСМ да го амнестира Мирослав Шиповиќ пред за тоа да се произнесат надлежните органи претставува преседан и е неоправдано. Очигледно дека институциите на системот располагаат со информации според кои претседавачот на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ може да се смета за осомничен за учество во милионска проневера и тие, институциите, се единствено надлежни да го дадат финалниот одговор.

– Ниту една партиска функција и ниту една партиска говорница не смее и не може да го амнестира Шиповиќ или било кој друг политичар од вина за учество во криминал, за кој очекуваме институциите да одлучат“, изјави Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов