Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска сооопшти дека ја поддржува кандидатурата на претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц за претседател на Европската комисија.
Согласно Лисабонскиот договор, следниот шеф на Европската комисуја ќе биде избран по изборите за Европарламентот што ќе се одржат на крајот на мај следната година.
Според претседателот на Групата на социјалистите и демократите, Ханес Свобода, Шулц на актуелната функција покажал дека е лидер од светско ниво.
Шулц претходно осум години беше претседател на парламентарната група на еврпските социјалистите.
Во соопштението на Групата се нагласува дека за социјалистите главни предизвици денес се масовната невработеност меѓу младите и растечкиот јаз меѓу сиромашните и богатите во ЕУ.
Меѓу нивните цели се и промени во сферите на заштитата на животната средина, економијата и финансиите.