Американскиот државен секретар Џон Кери ја откажа планираната посета на Филипините поради тропската бура „Нари“.
Според синоптичарите, бурата може утре изутрина да ги погоди северните делови на Филипините како тајфун, носејќи силни ветрови и дождови.
Кери требаше се сретне утре и во сабота со филипински претставници во Манила, последната држава од неговата турнеја низ Југоисточна Азија, во чии рамки ги посети и Индонезија, Брунеј и Малезија.
Во поголем дел од турнејата државниот секретар го заменуваше претседателот Барак Обама, кој беше принудени да се откаже од патувањето поради буџетската криза во САД.