Регионална конференција на шефовите на полициите во Белград

Од:

Во Белград денеска ќе се одржи Конференција на шефовите на полициите на земјите од регионот на Југоисточна Европа, која заеднички ја организираат министерствата за внатрешни работи на Србија и Италија.

Конференцијата ќе ја отвори српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а на отварањето на собирот на учесниците ќе им се обратат и директорите на српската и на италијанската полиција, Милорад Вељковиќ и Алесандро Панса.

Пред почетокот на конференцијата, како што се наведува во соопштението на српското МВР, Дачиќ ќе се состане со шефот на италијанската полиција Панса.

Покрај од Србија и Италија на конференцијата ќе учествуваат и претставници на полициите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ