Басеску е 99 проценти сигурен дека ќе се врати на претседателската функција

Од:

Времено повлечениот претседател на Романија Трајан Басеску изрази увереност дека ќе се врати на функцијата и дека на референдумот на 29 јули ќе биде ставен крај на политичката криза во земјата.

Басеску во изјавата за романската државна телевизија истакна дека е 99 проценти сигурен дека резултатот од реферндумот ќе биде прогласен за неважечки поради мала излезност на гласачите.

Според последните измени на законот, за да бидат признати резултатите од референдумот, во него треба да учествуваат 50 отсто плус еден глас од сите романски граѓани со право на глас.

Поранешната партија на Басеску, Демократско-либералната, ги повика вчера своите симпатизери да не учествуваат на референдумот в недела, со цел да не им дадат легитимитет на злоупотребите на владејачкиот Социјал-либерален сојуз.

Басеску нагласи дека не му се верува оти ќе излезат девет милиони Романци, кои сакаат да ги прикријат организаторите на државниот преврат и продолжувањето на несатбилноста.

Според романскиот премиер Виктор Понта, Басеску „нема да биде претседател на Романците, туку на самиот себе си“ доколку резултатот од референдумот биде прогласен за неважечки, а мнозинството од тие што излегле на гласање го поддржат неговото отстранување од функцијата.

Анкетите покажуваат дека повеќето од гласачите се подготвени да гласаат за отстранување на шефот на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет