Состојбата на српските бегалци од Косово кои живеат во привремени кампови во Централна Србија, е исклучително тешка, а бројот на лица што сакаат да се вратат е многу мал, изјави денеска српскиот премиер Ивица Дачиќ на средба со специјалниот известувач на ОН за човекови права и раселени лица Чалоко Бејани.
По 1999 година на Косово се вратиле 18 илјади Срби, но само четири илјади останале да живеат постојано, нагласи Дачиќ.
Според него косовските власти вршат притисок врз вратените лице, особено со нивно исклучување од избирачките листи за претстојните локални избори на 3 ноември.