Турција гледа „најава за можност“ за решавање на неколкудецениската поделба на Кипар и очекува мировните преговори меѓу кипарските Грци и Турци да продолжат во ноември, изјави денеска министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу.
Преговорите беа прекинати делумно и поради финансиската криза што го погоди островот, но разговорите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк минатиот месец дадоа нов поттик на процесот, сметаат турските власти.
Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година.