ВИДЕО: Уапсен братот на Мирослав Шиповиќ

Од:

Во полициска акција е уапсен братот на претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, а полицијата распишала меѓународна потерница и по него.

Мирослав Шиповиќ моментално е во посета кај неговиот син во Соединетите американски држави.

Мирослав Шиповиќ полицијата го сомничи  за криминал од околу еден милион евра во акционерското друштво  Машинопромет, каде што тој е претседател на Управен одбор. Полицијата сеуште ја реализира последната фаза од операцијата, а досега се приведени повеќе лица, членови на управниот и надзорниот одбор на Машинопромет. Според полицијата, истрагата се однесува на периодот од 2008  до 2011 година кога е почната претстечајната постапка во Машинопромет. Според МВР и покрај забраната се носеле одлуки за отуѓување на имотот, надвор од пазарната вредност со што е нанесена штета на Република Македонија.

Мирослав Шиповиќ е првоосомничен.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ