Албанската полиција заплени 100 украдени икони

Од:

Албанската полиција уапси две лица, осомничени за кражба и шверц на икони и други вредни предмети.

Арбен Спахо (42) по потекло од Подградец и Ѓерѓи Тими (51) по потекло од Корча, и двајцата жители на Тирана, се уапсени откако при контрола на три станови во Камза, Тирана и Батор биле открини 100 икони.

И двајцата и претходно и биле познати на полицијата за кражби икони и други вредни предмети.

– Акцијата спроведена во тите градови откри база каде биле чувани украдени вредни предмети, главно икони, кои потоа требало да бидат продавани во Грција, Србија, Хрватска и Италија, соопшти полицијата.

Дали меѓу овие икони има и од оние кои се украдени низ црквите во Македонија, треба да потврди истрага.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски