Заменети прозорците во СУГС „8 Септември“

Од:

Град Скопје ги замени старите и оштетени прозорци во средното училиште „8 Септември“. Заменети се прозорците на вториот кат, на северната страна на објектот.

– Со поставувањето на новите прозорци, во текот на грејната сезона ќе нема потреба да се користат дополнителни грејни тела за да можат учениците непречено да  ја следат наставата, информира Град Скопје.

Во средното училиште „8 Септември“ изминатите години се заменети прозорците на првиот кат и извршена е целосна реконструкција на старите азбесно–цементни покриви на училишниот објект и на спортската сала. Старите и оштетени азбесни табли се заменети со ребреста ламарина.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството