Пратеникот Николоски, дел од комисијата за мониторинг на претседателските избори во Азербејџан

Од:

Пратеникот Александар Николоски, шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Совет на Европа, од 6 до 11 октомври, е дел од ад- хок комисијата за мониторинг на денешните претседателски избори во Азербејџан.

Во досегашниот предизборен период, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ, пратеникот Николоски во рамки на моноторингот оствари средба со позначајните претседателски кандидати, претседателот на Централната изборна комисја, преставници на ОБСЕ/ОДИХР, Европски Парламент и Европска комисија во Азербејџан, претставници на медиумите и граѓанските организации.

За денот на изборите, пратеникот Николоски заедно со шпанскиот пратеник Аугустин Конде, е задолжен за западниот регион на главниот град Баку. По завршувањето на изборите ад-хок комисијата подготвува извештај кој се усвојува на редовна сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа. Оценките на ПС на Совет на Европа се најобјективни, се подвлекува во соопштението, а со тоа и најрелевантни за оцена на целиот изборен процес, за кој се цели да биде фер, демократски, слободен и транспарентен.

Првичните согледувања за изборниот ден, како и драфт извештајот за изборите ќе бидат презентирани на прес- конференција во Баку на 10 октомври еден ден по завршувањето на изборите, додека финалниот извештај со целокупните материјали се очекува да биде презентиран и усвоен на редовната јануарска сесија на ПС на Советот на Европа.

Инаку, пратеникот Александар Николоски,  оваа година беше избран и успешно ја спроведе мисијата за мониторинг на парламентарните избори во Бугарија каде беше задолжен за регионот на главниот град Софија.  Ова е првпат во македонската парламентрана историја, стои во соопштението, еден пратеник да биде избран два пати во една година во мониторинг ад-хок мисија на ПС на Совет на Европа за набљудување на избори што говори за довербата која и се дава на вредности на македонската парламентарна демократија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година