Рекордно висока температура од 35,1 степени Целзиусови е регистрирана денеска во Јапонија.
Термометрите ја измерија оваа необично висока температура за овој период од годината во градот Ниигата, на брегот на Јапонското Море.
Претходниот рекорд од 34,3 степени беше измерен малку порано денеска во централната префектура Тојама, на островот Хоншу.
Времето е како во лето и во други реони долж јапонското крајбрежје, каде температурите надминуваат 30 степени. Истата температура денеска е измерена и во Токио.
Топлото време во Јапонија е последица на тропската бура „Данас“, која денеска беснее над Јапонското Море.