Турскиот Касациски суд ги потврди пресудите за високите армиски старешини, осудени за учество во антивладин заговор

Од:

Турскиот Касациски суд денеска ги потврди затворските казни на повеќемина поранешни високи офицери на турската армија, кои минатата година беа осудени под обвинение за учество во заговорот за собирување на исламистичко- конзервативната влада, попознат како операцијата „Чекан“.

Во процесот за операцијата „Чекан“ вкупно беа судени 361 лице. Касацискиот суд ги потврди пресудите од 20 години затвор на поранешниот командант на Првата армија, генерал Четин Доган, поранешниот командант на Воената морнарица, адмирал Јозден Јорнек и поранешниот началник на Военото воздухопловство, Халил Ибрахим Фортана, како и пресудите од 18 години затвор за поранешниот командант на Првата армија, генерал Ергин Сајгун, за поранешниот началник на воените академии, генерал Билгин Баланаја, за поранешниот главен секретар на Советот за националана безбедност, Шукри Сарашак и за генерал Енгин Алан.

Истовремено судот ја укина пресудата затвор за 63 осудени во процесот и ги потврди ослободителните пресуди за 34 лица. Пред изрекувањето на судската одлука во околината на зградата на Касацискиот суд беа преземени засилени безбедносни мерки.

Според обвинителниот акт, операцијата „Чекан“ предвидувала спроведување на серија атентати – од напади врз џамии до соборување турски ловци при судири со грчкото Воено воздухопловство, со цел да се создаде атмосфера на хаос како поволна почва за извршување преврат.

Судскиот процес за операцијата „Чекан“ почна во декември 2010 година, а пресудите беа изречени на 21 септември минатата година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ