Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди мобилизација на воените сили, откако САД решија да изведат заедничка воена вежба со Јужна Кореја и Јапонија, во близина на корејскиот полуостров.
Ким Џонг Ун порача дека поради тие околности САД ќе се соочат со катастрофални последици.
Севернокорејската претстолнина, Пјонгјанг, нареди состојба на подготвеност и параноично ги подготвува вооружените сили, откако американски носач на авиони заплови во јужнокорејско пристаниште.
Сите служби и воени корпуси добија наредби да бидат подготвени за одбрана и офанзива во кое било време.
Инаку САД имаат повеќе од 28.000 војници во Јужна Кореја со цел на државата и преку воени вежби да и помогнат во развој на стратегијата и способноста на вооружените сили.
Елена Георгиевска