(ВИДЕО) Заев: „Да ја вратиме средната класа” – основна порака во Програмата на СДСМ

Од:

„Во историјата на секој народ се случуваат подеми и падови кои го одредуваат правецот на развој на народот или државата на подолг рок. Но, во развојот на државата ништо не е однапред одредено, туку сé се случува како човечка промисла и преку идеи за подобра организација на општеството.

Кога нацијата доживува подем тогаш велиме дека таа расте и се развива. Кога државата доживува падови тогаш велиме дека таа назадува или, пак, исчезнува причината за која е создадена. Секогаш овие подеми или падови се поврзани со одлуки кои ги носат личности и институции кои знаат да ја повлечат нацијата напред или да ја вратат во минатото.

Навидум и нашата држава се обидува да го стори истото што го направија сите држави во регионот.

Патоказите се знаат, моделот се знае само правецот каде што не води нашето сегашно политичко раководство е нејасен“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар