Македонскиот поет Никола Маџиров денеска ќе присуствува на отворањето на изложбата на фотографии „Која е целта на поезијата?“ на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 9-ти до 13 октомври.
Во фокусот на изложбата е современата европска поезија. Ќе бидат изложени 47 фотографии на кои се појавуваат исто толку селектирани поети, по еден од 47-те европски земји. Автор на фотографијата на која се појавува Маџиров е Андон Давчев, а направена е во Македонија.
Настанот е во организација на „Литературверкштат“, куратор на изложбата е белорускиот уметник Сергеј Шабохин, а на отворањето ќе зборува и директорот на Саемот на книгата во Франкфурт.