Експерименталниот сончев авион „Солар импулс“ безбедно слета во Швајцарија.
Авионот слета во 20.30 часот по локално време (18.30 часот по Гринич) во Пајерн, пред толпа приврзеници, соопштија швајцарски медиуми.
Експерименталниот сончев авион „Солар импулс“ или „Сончев импулс“, вчера во 7 часот по локално време полета од аеродромот „Франказал“ во Тулуз, во Франција, за Пајерн, во Швајцарија, на последната етапа од обиколката на светот од 6.000 километри, завршувајќи го првиот меѓународен лет на авионот придвижуван од соларна енергија.
Авионот, изработен од карбонски нишки, не користи никакво гориво и се движи од четири електрични мотори со моќност од 10 коњски сили секој, што се напојуваат од 12.000 фотоелектрични келии, што го покриваат неговото огромно крило.
Енергијата се чува во акумулатори, што му дозволува да лета и ноќе.
„Солар импулс“ е со големина на Ербас А340, односно со должина од 63,4 метри, но тежи едвај 1,6 тона или колку средно голем автомобил.