Кошаркарите на МЗТ Скопје – Аеродром се поразени од Шолнок со 81:69 во натпревар од 2.коло на регионалната АБА лига.
На средбата одиграна попладнево во Унгарија, македонскиот првак иако го доби првиот период со поен разлика (16:15), сепак во втората четвртина унгарскиот тим беше многу подобар па истиот го реши во своја полза со 20:8, за на полувремето МЗТ Скопје да замине со 11 поени негатива.
Лошо играше МЗТ Скопје и во третата четвртина која Шолнок ја доби со 20:16, домаќините ја остварија и најголемата предност од 19 поени во 38-минута (50-31). Иако последниот период му припадна на македонскиот шампион со 29.26, сепак тоа не беше доволно да се избегне првиот пораз со конечни 81:69.
Најефикасен на натпреварот беше Американецот, Ворен кој реализира 17 поени за Шолнок, додека Дамјан Стојановски со 14 поени беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје.