Пожарот во североисточна Шпанија, што веќе зеде четири жртви и опустоши 14.000 хектари вегетација, е ставен под контртола, соопшти каталонскиот министер за внатрешни работи Фелип Пуиг, цитиран од француските медиуми.
„Добрата вест е дека пожарот во Хункера е ставен под контрола“, изјави Пуиг.
„Ќе работиме уште два или три дена, но во моментов периметарот е стабилизиран“, дополни Пуиг, изразувајќи надеж дека пожарот ќе биде целосно изгаснат до крајот на неделата.
Приближно 1.500 лица – пожарникари, полицајци и војници, шумски чувари и доброволци, вчера се бореа со огнената стихија, помогнати од 25 француски и шпански хеликоптери.