Турција не им помага сириските бунтовници поврзани со Ал Каеда

Од:

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Турција во ниту еден момент не им дозволува на радикалните групи да ја користат нејзината територија за напади врз сирискиот режим.

– Турција никогаш не давала дозвола на групи, поврзани со Ал Kаеда, да ги преминат нејзините граници, рече Давутоглу во Анкара, демантирајќи ги обвинувањата дека турските власти им помагаат на радикалните исламистички бунтовнички групи во Сирија.

Ваквите тврдења тој ги оцени како „клеветничка кампања“ и нагласи дека Турција е предводник на земјите кои категорично се борат против тероризмот.

Турција е една од земјите кои отворено ги поддржуваат сириските бунтовници. Над 500.000 Сиријци најдоа прибежиште на турска територија од почетокот на конфликтот во нивната земја во март 2011 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ