НСДП: Груевски призна дека државните институции се само обични експозитури на политичките партии

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, јавно го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев: „Да му даде налог на својот сопартиец и претседател на ДИК, Борис Кондарко, да започне со прочистување на Избирачкиот список”.

Изложувајки ги на компромитација државните институции, кои во најголем број се сместени членови на неговата партија, Никола Груевски јавно призна дека, за него државните институции се само обични експозитури на политичките партии, реагираат од НСДП.

По логиката на Никола Груевски, Зоран Заев, како претседател на политичка партија има право да му даде налог на претседател на државната институција (ДИК), само заради тоа што е член на неговата партија (СДСМ), тогаш и тој, Никола Груевски, како претседател на владеачката партија, во најмала рака го има истото право.

Значи, Никола Груевски во секое време, на секој кадар на ВМРО–ДПMНЕ инсталиран во државните институции, си зема за право да му наложи нешто да направи, независно дали се работи за Антикорупциска комисија, Комисија за лустрација, Собранието на Република Македонија, судовите, МВР, јавното обвинителство и било кој друг орган или јавна и државна институција.

Што е сето ова, ако не е авторитарно владеење?
Авторитарната свест, Никола Груевски веќе не ја ни крие.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ