Ердоган ја укина забраната за носење шамии на државните службенички

Од:

Турција денеска ја укина забраната за носење на исламски шамии од страна на вработените во државните институции.

Мерката е дел од пакетот демократски реформи на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, претставен на 30 септември.

– Денеска отстранивме една архаична состојба, што противречеше на духот на Републиката, ова е чекор кон нормализација, изјави Ердоган во обраќање пред парламентарната група на владејачката Партија на правдата и развојот.

Ердоган нагласи дека турската република е република на сите 76 милиони жители на Турција.

– Жените со шамии се рамноправни членови на републиката, исто колку што и тие што не ги носат, изјави Ердоган.

Турската опозиција ја критикуваше мерката, сметајќи дека таа претставува нов симбол кон исламска, а не секуларна Турција, создадена од основачот на републиката Мустафа Кемал Ататурк.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ