Литванија и Романија ги подржуваат европските аспирации на Албанија

Од:

Романија и Литванија ја подржуваат Албанја на патот за интеграција во ЕУ. Оваа гарнација, како што јави дописникот на МИА, денеска на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати му ја пренеле неговите колеги од Литванија и Романија, Линас Линкевичиус и Титус Корлатеан, кои престојуваат во официјална посета на Тирана.

На заедничката прес-конференција со Бушати, Линкевичиус и Корлатеан го искажаа заедничкиот став дека Албанија постигнала напредок и убедувањето дека земјата ќе добие кандидатски статус во текот на оваа година.

Министерите упатија апел за дијалог и соработка меѓу политичките партии, со цел земјата да оди напред во правец на ЕУ.

Нивниот домаќин, Бушати, нагласи дека албанската Влада ќе ги консолидира досегашните постигнувања и ќе ги исполни нереализираните реформи. Тој нагласи дека новата Влада е ангажирана да биде достоен партнер на Романија и Литванија во програмите за соработка.

– Регионалната сработка го помага и го забрзува интегрирањето во ЕУ. Имавме отворен разговор и се заблагодарувам на двајцата мои колеги за помошта што и ја даваат за Албанија, изјави Бушати.

Шефовите на дипломатиите на Литванија и на Романија имаа средба и со албанскиот премиер Еди Рама, кој при тоа ја нагласил определбата на Владата да ја води земјата кон европската интеграција. Рама уште изјавил дека визија и приоритет на надворешната политика на Албанија е „нула проблеми со соседите“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски