Протести ја парализираа индиската сојузна држава Андра Прадеш

Од:

Прекинот на електричната енергија и штрајкот на државните службеници, кои протестираат поради создавањето на нова сојузна држава во Индија, денеска ја парализира јужната сојузна држава Андра Прадеш.

Повеќе окрузи во Андра Прадеш останаа без електрична енергија откако 30.000 работници во компанијата за снабдување со струја почнаа штрајк за да се спротистават на одлуката државата да биде поделена на две и да се формира нова држава – Телангана.

Стотици илјади владини службеници не се согласуваат со таквата одлука.

Поради протестите отежнат е железничкиот транспорт, водоснабдувањето и мобилната телефонија.

Протестите почнаа минатата недела откако премиерот Манмохана Синг вчера донесе одлука за формирање на нова сојузна држава, Телангана, која ќе биде 29 индиска сојузна држава, откако ќе биде одобрена во Парламентот.

Новата држава ќе биде формирана на сиромашна територија, подложна на суши, за која нејзините заговорници тврдат дека била занемарувана од Владата на Андра Прадеш.

Регионалниот информатичко-технолошки центар Хајдерабад ќе биде заеднички главен град за двете држави во следните 10 години.

Противниците се незадоволни бидејќи Хајдерабад, седиште на многу информатички и фармацевтски компании, ќе биде главен град на двете сојузни држави.

Новата држава, која нема излез на море, е една од најнеразвиените индиски региони. Кампањата за нејзино отцепување трае веќе 50 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати