Неизвесна e продажбата на прилепски „Еурокомпозит“

Од:

До крајот на октомври треба да биде решена судбината на прилепскиот загубар „Еурокомпозит“. Иако рокот за доставување на понудите за купување беше 20 септември,сепак, Владата го пролонгира,откако пропадна последниот обид да се најде нов сопственик на фирмата.

За купување на „Еурокомпозит“во моментов се заинтересирани две американски компании, од кои едната е во фаза на основање,хрватската „Ѓуро Ѓаковиќ“, како и турска компанија.

Во меѓувреме, изминативе месеци бројот на вработени е намален за 60, кои доброволно ја напуштиле фирмата како технолошки вишок.Според информациите, во тендерот потребна е банкарска гаранција од 68 илјади евра, како и бонитет за последните три години од по два милиони евра,а за подигање на тендерската документација потенцијалните инвеститори потребно е да платат по 1.000 евра.

Иако пред неколку месеци министерот Сараќини при посетата на фирмата потенцираше дека „Еурокомпозит“ е најблиску до решение,сепак судбината на прилепскиот загубар сѐуште е неизвесна.

А.Ш

 

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните