Кинески инвестиции во Прилеп?

Од:

До крајот на октомври се очекува да пристигне повеќечлена кинеска делегација во Прилепзада оствари средба со градоначалникот, Марјан Ристески, со цел продлабочување на економската соработка.

На неодамнешната посета на Кина остварена од прилепска делегација на чело со градоначалникот Ристески, Прилеп се збратими со четиримилионската општина Дејанг.Посетени беа голем број индустриски објекти и компании, а воедно беше потпишан и меморандум за понатамошна соработка, која веќе во наредните неколку недели треба да биде реализирана.

Според градоначалникот Ристески, Кинезите се заинтересирани за инвестирање во оваа општина,особено во слободните економски зони, каква што е развојната зоната Алинци, а нивниот интерес, пред сѐ,е тутунот и мермерот.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните