Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара извинување од Холандија бидејќи во Хаг е приведен руски дипломат од Амбасадата на Русија.
– Ова е тешко кршење на Виенската конвенција. Чекаме објаснување и извинување, како и казнување на одговорните, изјави Путин во Индонезија, каде учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Холандската полиција упадна во станот на советникот на Амбасадата на Русија во Хаг, Дмитриј Бородин бидејќи бил пријавен од соседите дека лошо се однесува кон децата, а потоа бил приведен во полиција.
Руското Министерство за надворешни работи упати остар протест до Холандија.