Тончев: Лошата економска ситуација е најголемата безбедносна закана за Србија

Од:

Советникот на српскиот премиер за национална безбедност, Ивица Тончев, за денешниот број на весникот „Данас“’ изјави дека лошата економска ситуација е најголемата безбедносна закана за Србија, бидејќи доведува до зголемена корупција и криминал.

Според него, „луѓето се исплашени заради сегашната економска ситуација и се плашат од губење на работното место и од тоа дали ќе имаат доволно пари да го преживеат следниот месец“.

– Сето тоа влијае на зголемување на стапката на криминал и корупција, што ја загрозува безбедноста на сите граѓани на Србија, истакна Тончев, наведувајќи дека во следниот период ќе волонтира во Владата на Србија.

Тончев најави дека ќе се откаже од платата што ја прима за функцијата, бидејќи сака со личен пример да покаже сериозност и подготвеност приказната за промени да ја спроведе во пракса.

На прашањето од кои приходи ќе живее додека волонтира, Тончев изјави дека во текот на 20 години минати во странство заработил доволно пари, од што може пристојно да живее.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ