РТС: Владата ќе го претстави економскиот пакет мерки

Од:

Пакетот економски мерки за намалување на буџетскиот дефицит и поттик на економскиот раст би требало да биде обелоденет денеска на отворена седница на Владата на Србија, јави Радио-Телевизија Србија.

Најавената седница на Владата по повод економските мерки за спречување банкрот на државата беше одложена вчера за денеска поради обврски на премиерот Ивица Дачиќ во Брисел.

Медиумот јавува дека најверојатно една од мерките ќе биде воведување солидарен данок во јавниот сектор и тоа на платите над 50.000 динари, иако голем дел од тој проект засега не е познат за јавноста.

Вицепремиерот Александар Вучиќ предупреди дека државата Србија е пред банкрот и оти тешките економски мерки ќе погодат меѓу 300.000 и 500.000 луѓе. Како една од мерките тој најави намалување на палтите во јавниот сектор со што ќе се заштедат околу 200 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски