Австралија: Ајкула нападна нуркач

Од:

Австралиската полиција соопшти дека денес на југозападното крајбрежје на државата, ајкула повредила нуркач.

Педесет и петгодишниот маж е нападнат во близина на градот Есперанс, додека барал школки-изјави портпаролот на полицијата Гери Касиди, пренесе „Асошиејтед прес“.

Тој бил во свесна состојба кога медицинската екипа го сместила во локалната болница, но се уште нема информации за видот на повредите, ниту пак е познат неговиот идентитет.

Во водите во Австралија, ајкулите се вообичаена појава, но и покрај тоа во последните 50-тина години, се бележи по еден напад годишно.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски