Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ ноќеска го имаше своето деби за новата екипа Атланта.
Во рамките на подготовките за претстојната НБА сезона Атланта загуби од првакот Мајами со 92:87 (25:16; 24:14; 23:26 и 20:31).
За нецели 16 минути Антиќ постигна една тројка, а натпреварот го заврши со три поени и четири скокови.
Шампионот Мајами на полувремето имаше убедлива предност од +19 (49:30), а најефикасен беше Крис Бош со 21 поен, додека Леброн Џејмс заврши со 9 поени.
Атланта вечерва ќе игра против Шарлот.