Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе присуствува на објавувањето на имињата на двајцата светски автори, добитници на меѓународната книжевна награда „Табернакул“.
За наградата, за нејзиното значење и за програмата, ќе зборуваат и директорот на „Табернакул“ Цветан Враживирски и професорите Ферид Мухиќ и Венко Андоновски.