Во Подгорица денеска беше осветен најголемиот православен храм во Црна Гора, Соборниот храм на Српската православна црква „Воскресение Христово“, во присуство на севселенскиот патријарх Вартоломеј, српскиот патријарх Иринеј, ерусалимскиот патријарх Теофил и рускиот патријарх Кирил, јави Танјуг.
На осветувањето присуствуваа и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, вицепремиерот Игор Лукшиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик и други официјални претставници и голем број верници.
Севселенскиот патријарх Вартоломеј повика кон единство на православните христијани во Црна Гора, каде освен Српската православна црква постои и канонски непризнаената Црногорската православна црква.
Соборниот храм во Подгорица, чија изградба траеше со децении, има вкупна површина од 1.380 метри квадратни, седум крстови на куполите и 17 камбани, од кои едната тежи 11 тони и е најголемата на Балканот.