За еден месец „Микротеч“ ќе го обелодени планот за реорганизација на „Киро Ќучук“

Од:

Прилепската фирма „Микротеч“ веќе за 30 дена треба даго обелоденипланот за реорганизација на велешката фабрика „Киро Ќучук“од Велес. Оваа одлука за рестартирање на велешката фабрика е донесена на Собранието на доверители, откако од најголемиот доверител, Управата за јавни приходи, прифатена е иницијативата за реорганизација.

Вториот по големина доверител во стечајната постапка, Тутунска банка,сѐуште ѝ ја нема дадено довербата на прилепската фирма.Тие побараа да се изјаснат откако целосно ќе биде готов планот за реорганизација на велешката фабрика.

Од прилепски „Микротеч“ понуден е влог од 300 илјади евра, кој ќе им биде исплатен на сите доверители со 100% од побарувањата,без камати,заклучно сопериодот до 2019 година со една година грејс-период,како и вработување на 200 работници.

Веќе на следната седница на доверители ќе биде донесена одлуката за судбината на велешката фабрика.Во наредниот период, поради долгот на велешката фабрика од еден милион евра,прилепски „Микротеч“ треба да бара од ЕВН приклучување во електричниот систем, а од државата добивање наконцесија за ископување на земја за производство на основниот производ.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните