Два нови тендери за „Македонска филхармонија“

Од:

Министерството за култура објави два тендери за довршување на „Македонската филхармонија“.

Досега за новата филхармонија се потрошени околу 7,4 милиони евра.

„Алпине Бау“ за оваа сума успеа да заврши 70 проценти од објектот, или поконкретно карабинатата, без целосна реализација на покривната конструкција. Изградбата трае повеќе од четири и пол години. На зданието што остана недовршено по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“ треба да се изведат градежни и градежно – занаетчиски работи. Едниот од тендерите е распишан за доработување на кровот и фасадата на „Македонска Филхармонија“, додека другиот е за ентериерот.

Во тендерската документација е предвидено периодот за завршување активностите да изнесува осум месеци. Градежните компании што планираат да учествуваат на тендерот треба да го исполнат критериумот за остварен вкупен приход од минимум 10 милиони евра во последните три години. Истите треба да ги достават своите понуди најдоцна до 19 ноември.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска