Издавачката куќа „Блесок“ го објави романот „Ерусалим“ на португалскиот писател Гонсало М. Тавареш, кој е достапен во печатена и во електронска форма.
Тавареш (1970) е професор по епистемологија во Лисабон. Добил голем број книжевни награди, меѓу кои и наградата Жозе Сарамаго во 2005 за романот „Ерусалим“ кој книжевните критичари од списанието Публико го прогласиле за „книга на деценијата“. Во 2010 година ја добил и наградата за најдобра странска книга објавена во Франција.
– Во разни земји неговите дела инспирирале други уметнички творби: театарски дела, краткометражни филмови, танц, видеозаписи, пластична уметност, опери, перформанси, архитектонски проекти и академски дисертации. Има околу 190 преводи на неговите книги, соопшти „Блесок“.
Романот „Ерусалим“ од португалски на македонски јазик го преведе Наташа Сарџоска.