Турската полиција приведе над 50 лица во две големи акции против илегални групи во Истанбул

Од:

Турската полиција денеска приведе над 50 лица во две одделни обемни операции против нелегални групи во истанбулските населби Ѓулсују, Ѓуленсу и Гази.

Припадници на полициските тимови за борба против тероризмот рано утринава презедоа обемна операција во Ѓулсују и Гази против членови на екстремната левичарска организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), кои минатата недела вооружени со автомати присуствуваа на погребот на убиениот демонстрант во Истанбул Хасан Ферит Гедик.

Во операцијата, во која денеска учествуваа околу 1.500 полицајци, беа одземени и неколку парчиња оружје. Хасан Ферит Гедик (21) беше убиен на 30 септември кога непознати лица стрелаа врз луѓе кои протестираа против присуството на наркодилери во истанбулскиот кварт Ѓулсују.

Во текот на изминатата ноќ во квартот дојде до судири меѓу полицијата и група демонстранти, кои сакаа да одржат протетстен марш во помен на убиениот Гедик.

Демонстрантите фрлаа Молотови коктели врз полицајците, кои, пак, употребија солзавец за да ја растурат групата.

Убиството на Гедик беше последно во серијата инциденти во квартот Ѓулсују во рамки на конфликтот меѓу членовите на наркобандата и левичарските организации, меѓу кои е и ДХКП-С, чиј поддржувач беше убиениот Гедик, наведува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ