Околу 450 француски пожарникари и седум авиони за гаснење пожар се ипратени на шпанска територија, за да помогнат во гаснењето на пожарот, кој од неделата беснее во Каталонија.
Француските пожарникари дејствуваат на територија од 3.700 хектари долж границата со Франција.
Во пожарот во Шпанија загинаа четири лица, а 14 илјади хектари земјиште се опожарени. Од француската страна на границата изгореа 20 хектари во два одделни пожари, но и двата се ставени под контрола.