Непречен сообраќај по суви коловози

Од:

На патниот правец Скопје – Македонски Брод, кој поминува низ Јасен, од 1 октомври 2013 година се поставени нови термини за правецот на движење на моторните возила:

– Во правец од Скопје кон Македонски Брод од 07:30 до 08:30 и 14:30 до 15:30.

– Во правец од Македонски Брод кон Скопје од 06:00 до 07:00 и 16:00 до 17:00.

Напомена – Доколку има наноси од снег, патот може да биде затворен на неодредено време.

Од денеска во 10 часот ќе започне изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец А1, Велес – Гевгелија, делница Удово – Смоквица (во близина на натпатник Милетково), ЈП Македонија пат- Скопје подружница Велес, денес, 07.10.2013 во период од 08:00 – 17:00 часот ќе извршува поправка на коловозот. За време на изведувањето на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со соодветна патна сигнализација.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 501, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.

Од 25.09.2013 е воведена времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат на пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска