Шампионот Партизан со сигурна игра и победа против Игокеа од 67:56 ја започна одбраната на титулата во регионалната кошаркарска АБА лига.
„Црно-белите“ вечерва во Белград доминираа во дуелот со Игокеа и покажаа дека се најсериозни кандидати за највисок пласман и оваа година.
И претставникот од Македонија во ова натпреварување, тимот на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја почна сезоната 2013/14 со победата во петокот против словенечка Олимпија со резултат 79:60.
Постигнати резултати на другите натпревари од 1.коло завршени до овој момент: Цибона – Раднички 66:68, Широки – Црвена Звезда 80:79, Крка – Будуќност 60:57 и Задар – Солнок 71:67.
Во текот е средбата Мега Визура – Цедевита.