Јапонија сака да преговара со соседите

Од:

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека на регионалниот економски самит на индонезискиот остров Бали, ќе бара преговори со Кина и Јужна Кореја.

-Сакам да ја искористам можност за да разменам мислење со нив-рече тој пред заминувањето на самитот на Организацијата за азиско-пацифистичката економска соработка и додаде дека сака да испрати порака дека вратите за дијалог се секогаш отворени.

Абе немаше официјални разговори со лидерите на Кина и Јужна Кореја од доаѓање на функцијата премиер.

Односите на Токио со тие соседи се затегнати поради територијални несогласувања и заострување на јапонската воена агресија во 20-ти век.

Но конзервативниот јастреб на Абе имаше петминутен разговор со кинескиот премиер Шји Ѓинпинг на маргините на самиотот Г20 во Санкт Петерсбург, на почетокот на септември, што беше прва средба на лидерите на тие две држави по заладените односи од пред две години, поради проблеми поврзани за сопштвеништо на групата ненаселени острови, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Абе на самитот Г20 исто така имаше краток разговор со јужнокорејската претседателка Парк Гуен Хје.

Јапонските медиуми меѓутоа минатата недела известија дека разговорите на Абе со лидерите на Кина и Јужна Кореја на Бали можеби нема да остварат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови