СДСМ: Министре Ристовски зошто не направивте анализа на учебниците што ја вети вашиот претходник?

Од:

Сакаме да ја коментираме одлуката на Владата за вработување на 294 психолози и педагози во основните и средните училишта, најавена за наредните 2-3 години, како потреба што наводно произлегла од анализата што ја направило Министерството за образование за стручниот и кадровски потенцијал во училиштата, рече Петар Атанасов од СДСМ.

Зошто не направивте и анализа на учебниците што ја вети вашиот претходник?
Зошто не направивте и анализа за преоптовареноста на наставниот кадар со административна работа на сметка на наставниот процес, го запраша Атанасов Министерот Ристовски?

Зошто, господине Ристевски, не направите и анализа за фрустрациите што ги предизвикавте кај децата, родителите и наставниците со екстерното тестирање?
Зошто не направите и анализа за квалитетот на законите кои ги носите преку ноќ, без јавна расправа, без стабилна финансиска конструкција и со нефункционални елементи, праша тој?

Зошто не направивте анализа пред да потрошите односно фрлите над 60 милиони евра за неуспешниот проект компјутер за секое дете?

Ние, се сомневаме во вашите добри намери! И, бараме Министерството за образование да ја информира јавноста за тоа каде, кога и на кој начин ќе се вработуваат овие кадри. Дали, господине министре, навистина ќе вработувате потребни стручни кадри или сте во интензивна потрага само по нови гласачи. Истовремено, ви укажуваме, дека пред и за време на изборните активности не е дозволено да се прават злоупотреби со вработувања во јавниот сектор.

На крајот, бараме од Министерството за образование јавно да ја публикува анализата која наводно покажала дека токму овие, а не други стручни кадри, на пример дефектолози, се приоритетно потребни за спроведување на обврските од законите за основно и средно образование, за јавноста да се увери во исправноста на вашата одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он