Тачи: Бан Ки Мун ја прифаќа новата реалност за Косово

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи оцени во вторник дека генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун „ја прифатил новата реалност на Косово”, како и желбите на косовскиот народ за влез во ЕУ и НАТО.

На прес конференција одржана по средбата со Бан Ки-мун на приштинскиот аеродром, Тачи рече дека ОН не учествува и не може да учествува во дијалогот меѓу Белград и Приштина што започна пред две години, со посредство на ЕУ.

Косовскиот премиер го потсетил генералниот секретар на ОН дека повеќе од половина од земјите членки на ОН ја признале косовската независност и дека на есен завршува надгледуваната независност на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина