Над 14.000 семејства во Јапонија без струја поради тајфунот Фитоу

Од:

Повеќе од 14.000 домаќинства во јапонската префектура Окинава останаа без електрична енергија поради налетот на силниот тајфун Фитоу. Во невремето пет лица се повредени.

Најпогодени се островите Сакишима и Мијако. Брзината на ветрот во некои делови на префектурата достигнала 50 метри во секунда. Брановите во близина на брегот биле високи до 10 метри. Околу 350 авионски летови вчера беа откажани, а над 30.000 луѓе не можеле да отпатуваат. Аеродромот во Окинава денеска повторно е отворен, но дел од летовите и понатаму се откажани.

Според јапонската метеоролошка служба попладне тајфунот ќе се приближи до источнокинеските провинции Чазјан и Фузјан. Се очекува Фитоу да го зафати кинеското крајбрежје утре изутрина. Во очекување на тајфунот Кина објави највисок степен на опасност.

Кон брегот на Окинава се приближува и друг силен тајфун – Данас. Според метеоролозите уште утре вечер тој ќе пристигне до јужните јапонски острови, а кон средина на неделата може да ги погоди островите Кјушу и Хонсју.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови