Србија ги шпиунира граѓаните преку интернет?

Од:

Опрема за шпиунирање на граѓаните по пат на интернет е лоцирана во Србија, но се уште не е познато кој ја поседува, предупреди експертската организација „Шер дифенс“ од Нови САД.

Имено како што пренесуваат српските медиуми, претставници на оваа невладина организација, кои што се борат за човековите права во дигиталниот свет, Србија според податоците на извештајот на канадската организација „Ситизен лаб“, која се занимава со ширење системи за дигитално надгледување, се најде помеѓу државите во кои што е лоциран софтверот „фин фишер“, кој овозможува следење на комуникација по пат на мејлови, социјални мрежи и слично.

-Иако е познато дека претставниците на компанијата која што го продава овој софтвер дојдоа во Србија, се уште нема податоци дали некој ја купи оваа опрема. Врз основа на извештајот кој што го објави „Викиликс“ можеме да заклучиме дека претставниците на компанијата кои што ја продаваат опремата за надзор во Србија се задржаа доволно долго за да може да ја продадат, но и за да спроведат обука за истата. Иако знаеме дека постои можност да е купена, се уште не е познато кој е купувачот-наведе Јелица Дојчиновиќ од организацијата „Шер дифенс“.

Според зборовите на претставникот на компанијата, секој поединец може да стане „мета“ на неовластеното надгледување на комуникацијата.

-Прашањата за набавка на опрамата за надзор ги испративме во Министерството за внатрешни работи, кое во својот состав го има Секторот за аналитика, телекомуникации, информациска технологија, меѓутоа се уште немаме одговор-изјави таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ