Ахмет Давутоглу во посета на Албанија

Од:

Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу, кој е во официјална посета на Тирана, оцени дека соработката меѓу неговата земја и Албанија е стратешка и оти успехот на Албанија е успех и на Турција.

– Албанија останува стратешки партнер на Турција. Владите на Турција и Албанија предводени од премиерите Реџеп Тајип Ердоган и Еди Рама подготвуваат стратешки документ каде се предвидува и одржување заеднички состаноци на двете влади, потврдија Давутоглу и неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, министерот Давутоглу оствари средби и со албанскиот премиер Еди Рама, со претседателот Бујар Нишани, кој се заблагодарил за турската поддршка на Албанија и на Косово, како и со спикерот на Парламентот Илир Мета, кого го запознал со определбата на труската Влада да продолжи со поддршката за економскиот развој на Албанија.

Рама од своја страна на средбата искажал голема благодарност за континуираната поддршка што Турција и ја дава на Албанија. На средбата Рама нагласил дека стратешкото партнерство меѓу двете земји ќе се зацврстува исто како и соработката.

– Премиерот Рама и министерот Давутоглу разговараа и за одржување заеднички седници на владите на двете земји како и за турски советници од областа на енергетиката, економијата, здравството и јавниот ред кои одблиску ќе асистираат во овие сектори во Албанија, се наведува во соопштението од кабинетот на Рама.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ