(ВИДЕО) Мамурна и поларна зима ги чека студентите

Од:

Студентското утро во домовите започнува мамурно без кафе и тресење под ќебе. Новиот правилник кој важи за сите студентски домови им забранува на студентите внесување на греалки, машини за перење алишта и решоа во собите.

Оние кои се одлучуваат да ги прекршат правилата на студентскиот дом, ги заклучуваат собите, варат кафе и ги послужуваат гостите. Кога некој тропа на врата, прашуваат кој е, доколку е контрола, го земаат решото кое е ставено на биро, го виткаат во кеса и го туркаат под кревет. Други студенти, пак, не сакаат да ризикуваат и одвојуваат пари од својот плиток џеб и купуваат плински боци.

Студентите објаснуваат дека им се неоходни, бидејќи неретко во купатилата може да нема топла вода, па мораат да ја греат пред да одат да се бањаат.

– Се снаоѓаме некако. Забрането е, а речиси сите имаат. Немам информации дали досега некого казниле, но приморани сме да постапуваме вака – револтирано изјави студентка на Филолошки факултет.

Во хотелот „Провев“, како што го нарекуваат студентите домот, голем проблем ќе биде затоплувањето на собите, со оглед на тоа дека парното грее слабо, а прозорците се стари, облепени со стиропор и влегува ветер од сите страни. Грејната сезона започнува од 15 октомври, а академските граѓани се приморани да учат во нехумани услови во ладните соби.

Управата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ неколку пати по ред пуштила контроли во собите за проверка. Како што објаснуваат студентите, вакви правила имало и во минатите години, но не биле почитувани. Тие се надеваат дека со новите правилници сакаат само да им влеат страв, но дека нема да бидат спроведувани и ги фаќа паника како ќе ја преживеат зимата. Тие коментираат дека се почитуваат правилата едноставно кога се на штета на студентите.

– Голем проблем ќе биде греењето. Веќе неколку години по ред престојувам тука, без греалка не може да се живее. Кога ми доаѓаше контрола во соба, ми рекоа дека забраната стапила на сила поради две причини, едната е поради старата инсталација, а другата поради високите сметки за струја кои ги добива домот – ни изјави студентка на Економски факултет.

Проблем со електрична инсталација минатата година имаше во студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде уклучена греалка предизвика пожар во домот. Пламените јазици успеаја да зафатат две соби во блокот Б, каде изгореа пари, компјутери и предмети на две студентки, кои подоцна беа обештетени.

Новите правилници кои ги донесе „Државниот студентски центар – Скопје“ и стојат закачени пред влезот на секој студентски дом налагаат гостите во домот да се пријават на портирница и не можат да престојуваат повеќе од 22 часот по полноќ.

1379144_10201444701292914_1590915114_n

Доколку студентите пуштат некого да преспие кај нив, ќе бидат казнети со 200 евра и леглото ќе им биде одземено. Исто така, забрането е внесување на алкохолни пијалоци и правење забави во собите.

Строго се забранува и менување на бравите на собите, како што било случај до сега. Студентите самоволно не смеат да се преместуваат од една во друга соба, без одобрение од управникот – во спротвно, им следуваат воспитни мерки.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ